Уапсени лицата кои неколку пати истепаа 37-годишник во Тетово

policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчеравечер, околу 23 часот и 45 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец В.Л., кој ден пред тоа бил пријавен во СВР Тетово од 37-годишниот Г.С. од Тетово дека заедно со уште три други лица, на различни локации во Тетово, неколку пати физички го нападнале, извести СВР Тетово.


– Претходно во 10 часот и 10 минути, во тетовска Мала Речица, поради сомнение за негова инволвираност во истиот случај бил лишен од слобода и 46-годишниот Х.К. од ова село, додека во 11 часот во Полициска станица Тетово повикан е и Б.С.(45) од Тетово, се додава во соопштението на СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK