Уапсени двајца тетовци: не застанале на наредба, оштетиле возило бегајќи, а еден од полицајците морал да пука предупредувачки во воздух

Уапсени-двајца-тетовци-не-застанале-на-наредба-оштетиле-возило-бегајќи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 15 часот на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 43-годишниот А.Х. и 46-годишниот Џ.Ш. од Тетово, извести МВР.


„Тие претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово не застанале на нивна наредба и со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки продолжиле да се движат кон улица „121“. Бегајќи од полициските службеници тие оштетиле товарно моторно возило „форд транзит“ со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздух два предупредувачки куршуми за да застанат“, соопшти МВР.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK