Вчера вечер во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода 23-годишниот К.К. и 20-годишниот Н.П., двајцата од Струмица, извести МВР.
– При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и поднесена соодветна пријава.