Уапсени двајца скопјани, нападнале вработена во продавница во Центар и украле неколку предмети

Расчистени-11-кривични-дела-„тешка-кражба-и-две-кривични-дела.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода 32-годишниот А.Ќ. и 35-годишниот А.Б., двајцата од Скопје, извести МВР.


„Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK