Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 19-годишниот Н.Н. од Скопје затоа што на 05.08.2026 во 21:20 часот на крстосница од улицата „Борис Сарафов“ и улицата „Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ „8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.
По насоки на јавен обвинител, Н.Н. е задржан во полициска станица, возилото е одземено и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.