Уапсен возач од Скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на „Џон Кенеди“ во Скопје


policija-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 00.30 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Ф.А. од село Визбегово, скопско.


На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK