Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 20 часот и 55 минути го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.Ф., кој претходно бил пријавен од 24-годишната сопруга дека во семејниот дом во Тетово физички ја нападнал, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.