Вчера околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Ч.Б. од тетовски Бродец, извести СВР Тетово.
„Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 41-годишна партнерка од Тетово дека и по прекинувањето на врската продолжил да ја следи, малтретира и да ѝ се заканува“, соопшти СВР Тетово.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.