Вчера околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за село Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 36-годишниот Ф.Ф.Ј. од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.