Уапсен е инспектор од Државен пазарен инспекторат, примал поткуп

Уапсен-е-инспектор-од-Државен-пазарен-инспекторат-примал-поткуп.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, во 12.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш – Отсек за економски криминал го лишија од слобода 33-годишниот К.Ѓ. од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, извести МВР.


– На 21.11.2023 осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши. Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени парите кои ги примил како поткуп. Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши, соопшти МВР.

К.Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK