Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 11 часот и 45 минути во Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот М.М. од гостиварско Здуње, кој претходно бил пријавен од 20-годишна гостиварка дека околу 10 часот во трговски објект, во кој таа работела, ја допирал по телото, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.