Денеска, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје гo лишиле од слобода 37-годишниот М.К. од Скопје, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш смола, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.