Вчера во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на село Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Ф.Ѓ. од Кичево и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од 48-годишниот Ч.К. од Република Албанија, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.