Триесет дена притвор за тетовец кај кого биле најдени 30 пакувања марихуана

marihuana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судија во претходна постапка во Основен суд Тетово на 34 годишник од градот денес му одредил мерка притвор од 30 дена откако вчера полицијата му најде 30 пакувања со марихуана и го приведе.

– На 9 август во 19.20 часот на улица „114“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(34) од Тетово. При претрес во простории кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 30 пакувања со марихуана. Лицето било задржано во полициска станица, информираше СВР Тетово.


По целосно документирање на случајот против него е поднесена пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За издржување на мерката притвор 34 годишникот ќе биде спроведен КПУ Затвор Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK