Три лица приведени во Кичево: двајца немале возачка, третиот возел пијан


pijan-vozac-alkohol.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ноќеска во 03:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Рудничка“ во Кичево, од слобода го лишија 18-годишниот Т.Ќ. од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа констатирале дека немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.


Исто така ноќеска во 03:20 часот на улицата „11 септември“ во Кичево, лишен од слобода е 33-годишниот И.Х. од кичевското село Србица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки и притоа кај него констатирале 1,83 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и одземено му е возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Вчера во 00:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, од слобода го лишија 29-годишниот С.А. од гостиварското село Трново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „смарт“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека истиот, немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило.

По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK