Приведено лице барано со потерница за издржување казна затвор


 Во скопско Катланово вчера во 15.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од село Пакошево, општина Зелениково.


 

Од МВР денеска соопштија дека таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување казна затвор  за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната.