Тетовец си ја истепал сопругата, поседувал и ловечка пушка

10-2702-192873.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полициски службеници на СВР Тетово вчера (1 јануари) во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З.Ј., кој претходно бил пријавен од неговата 36-годишна сопруга дека во куќа во тетовско село, каде престојувале, физички ја нападнал и и се заканувал.

При лишувањето, од З.Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на неговиот дедо.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK