Тетовец извадил 80.000 денари од фирмата во која не работел повеќе, поднесена кривична против него

Кривична-против-гостиварец-за-„даночно-затајување-го-оштетил-буџетот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.Б. од Тетово поради постоење основи на сомнение за за сторени кривични дела „затајување“, „послужување“ и „измама“, извести МВР.

„Во текот на декември 2023, и покрај тоа што знаел дека договорот за работа со правно лице од Битола му е истечен на 30.11.2023 и немал право за користење на банкарската картичка во сопственост на правното лице, на 08 и 09.12.2023, картичката ја приложил пред референт во филијалата во Тетово и подигнал парични средства, со што го оштетил правниот субјект за сума од 80.000 денари“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK