Вчера попладне во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „9 Мај“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.Ц. од Скопје, удрило во 74-годишната М.Т. од Дебар, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.