Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од 21-годишната Т.З. од Куманово удрила во пешакот, 45-годишниот С.Ш. од село Арачиново, скопско, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.