Тешко повреден тетовец по судир на две возила

Тешко-повреден-тетовец-по-судир-на-две-возила.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14 часот и 45 минути во СВР Тетово е пријавена сообраќајна несреќа која се случила на кружниот тек на улица „Маршал Тито“ во Тетово во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 23-годишниот тетовец А.З. и „фолксваген тигуан“ што го управувал 34-годишниот тетовец Љ.А .



Во несреќата, возачот на „тигуанот“ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK