Вчера во 11 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo патничко моторно возило удрило во 64-годишниот Т.А. од Тетово, по што го напуштило местото на настанот, извести СВР Тетово.
„Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.