Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Струга, во близина на Ново село, 41-годишниот А.А. од Куманово, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со германски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.
– Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.