Вчера околу 09.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, 52-годишниот Д.Г. од Неготино, управувајќи мопед „кимко“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.
– Во несреќата Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.