Вчера во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во село Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 79-годишниот С.И. од Македонска Каменица излетало од патот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.