Синоќа во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(54) од Кичево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кичево.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.