Тешко повреден малолетен велосипедист од Радовиш, во него удрило возило „цитроен“

Тешко-повреден-велосипедист-во-него-удрил-автомобил-од-Куманово.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 15.45 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Партизанска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед, управуван од малолетник од Радовиш и патничко возило „цитроен“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(28) од Радовиш, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK