Вчера вечер во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Генерал Васко Карангелевски“ и улицата „21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот 62-годишниот Н.М. од Битола, извести МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, велат од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.