На 01.10.2023 во 17.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосницата од локален со шумски пат во долнореканското село Присојница, трактор „Тома Винковиќ“ без регистарски ознаки, управуван од З.Л.(65) од ова село, излетал од патот.
Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом Ростуше. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, соопштуваат од МВР.