Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.