Тепачка во тетовско основно училиште, малолетник нападнат од тројца соученици

Тепачка-во-тетовско-основно-училиште-малолетник-нападнат-од-тројца-соученици.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четириесет и двегодишниот тетовец В.З., вчера во 10 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 11 часот и 30 минути во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици во истото училиште, при што едниот од нив употребил и метален предмет, извести СВР Тетово.



– Набргу, случајот е расчистен, идентификувани се тројцата малолетници, разговарано е со нивните родители и со претставници на Центарот за социјални работи, соопшти СВР Тетово.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK