Тепачка во светиниколско село: Приведени две лица, трето нападнало полицаец


privedeni-960x641.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица завршија во полициска станица по инцидент што се случил во светиниколското село Горобинци, каде најпрво дошло до физичка пресметка, а потоа бил нападнат и полициски службеник.


Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 мај 2026 година околу 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги привеле О.Н.(57) и Б.Ц.(58), двајцата од село Горобинци, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

За време на преземањето мерки за нивно приведување, Ж.М.(48) од истото село физички нападнал полициски службеник, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK