Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Kлиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди по телото.
По преземени мерки било утврдено дека повредите и ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка.
Тие според полицијата претходно се скарале а следела и физичка пресметка.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.