Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.
Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот око.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје за „Макфакс“.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.