Сведочењето на Марјан Стаменковски одложено за следното рочиште

marjan-stamenkovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сведочењето на Марјан Стаменковски од „Доказ М” судот одлучи да го одложи на следната судска расправа поради неговата здравствена состојба. Ова судот го одлучи по неговото укажување дека може да не се сети на случувањата кои се случувале неколку години наназад, по што и адвокатите од одбраната побараа да биде одложено неговото сведочење на следна расправа.

Стаменковски треба да сведочи во случајот „Талир” кој се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.


Првото рочиште за случајот „Талир” се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската, на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци, како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на сега осудениот, полицијата заплени документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари, Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK