Триесет и шестгодишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена за сума од повеќе од 8.000 евра.
Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите.
Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22 јуни лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата, објави МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.