Вчера во 07.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај тунелот на магистралниот пат Охрид – Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот М.С. од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот М.Т. од охридското село Требеништа, извести МВР.
„Во несреќата, возачот М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Р.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.