Вчера вечер во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода 23-годишниот Р.С. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле 52-годишната С.Т. од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко, извести МВР.
Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди, додаваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.