Вчера попладне во 14.16 часот било пријавено дека во Прилеп, патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.И. од Прилеп, удрило во паркирано патничко моторно возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 66-годишниот С.П., извести МВР.
– По несреќата возачот С.И. е пренесен во Градската општа болница -Прилеп каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.