Вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Г.(40) од Република Словенија затоа што во угостителски објект на ул.„Бутелска“ во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените во објектот и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.