Вчера околу 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „МАНАПО“ во Скопје, патничко возило „мини“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Т. од Скопје удрило во пешакот О.П.(18) од Скопје.
Во несреќата со повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.