Во СВР Скопје, вчера во 07.15 часот било пријавено дека на велосипедска патека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, О.К. (50) од Скопје, која управувала електричен тротинет, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.