Скопјанец со употреба на сила упаднал во дом во Драчево каде кршел, па се заканувал.
Настанот во полицијата бил пријавен синоќа.
„На 19 октомври во 23.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.Ф. од Скопје со употреба на сила влегол во куќата на С.Н.(72) на подрачјето на Драчево, по што оштетил дел од покуќнината и упатил закани кон нејзиниот син А.Н.(24), со кого се познавале“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.