63-годишен скопјанец настрада откако неговото возило кое било запрено, се придвижило и удрило во него.
Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него.
На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.