Скопјанец осомничен за семејно насилство

skopje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда.

-Во семејниот дом на улицата „Партение Зографски“, во периодот од 25 до 30 мај, осомничениот 45-годишен скопјанец, во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата вонбрачна партнерка, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што кај оштетената предизвикал тешки телесни повреди изразени во вид на хематоми во пределот на лицето, на двете подлактици и мултифрагментарни фрактури на носните коски, соопшти државното Јавно обвинителство.


Јавниот обвинител ги ценел околностите кои укажуваат на опасност од бегство и го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото, како и фактот што конкретниот кривично-правен настан генерално се однесува против моралот.

-Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK