Скопјанец искршил излог во Чаир, едно лице со повреди е пренесено во болница

Скопјанец-искршил-излог-во-Чаир-едно-лице-со-повреди-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.А.(40) од Скопје.


Тој се сомничи дека во текот на денот во угостителски објект на подрачје на Чаир, сопственост на М.Б.(56) од Скопје, со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и упатил закани на сопственикот. Притоа, со повреди се здобил М.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK