Синоќа во Скопје казнети 50 мотоциклисти


motocikl-akcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје синоќа во периодот од 17.00 до 01.00 часот спроведе засилена сообраќајна контрола по оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив, 14 за возење мотоцикл без возачка дозвола, 14 санкции за возење без заштитна кацига, девет мерки за возење мотоцикл без положен испит, четири санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија,  две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник…
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесе за побезбедни  патишта.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK