Вчера околу 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 62-годишниот Ќ.Ј. и 25-годишниот Д.Ј. од гостиварско село, кои биле пријавени од нивната 57-годишна сопруга и мајка дека физички ја нападнале, извести СВР Тетово.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.