Полицијата синоќа во Штип го приведе 20-годишниот Ф.Д., од селото Стар Караорман, Штипско.
Според пријавеното, околу 21.30 часот на улицата Сремски Фронт во Штип тој агресивно се однесувал кон лица од Скопје и им се заканил со пиштол.
Лицето било задржано во полициска станица и од него бил одземен пластичен пиштол со метални додатоци, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.