Шлепер се превртел на патот Скопје-Блаце, сообраќајот пренасочен

шлепер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, сообраќајот е пренасочен.

Како што информира МВР, нема повредени.

-На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина”, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од АМСМ, пак, известија дека сообраќајот е пренасочен само за патничкиот сообраќај од ГП Долно Блаце и ќе се овозможи влез во РСМ, а ќе се одвива од с.Долно Блаце кон с.Чучер Сандево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK